
Службите на општина Аеродром во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” и утрово се целосно ангажирани за отстранување на штетите предизвикани од силното невреме кое го зафати Аеродром.
– На терен се ангажирани сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага општината и наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и објекти кои го попречуваат движењето на граѓаните и претставуваат опасност. Во текот на вчерашниот ден, до општината пристигнаа над 40 пријави од граѓани. Од невремето беа забележани и пријавени неколку паднати здрави и зелени дрвја, а причинета е и материјална штета. Отворената линија за пријавување на штета од невремето е отворена и денеска од 8-16 часот, на телефонскиот број 2400970, се вели во Фејсбук објавата на општина Аеродром.