
Македонската женска одбојкарска репрезентација доживеа убедлив пораз со 3:0 вечерва од Полскa во 5-то коло на Европското првенство за одбојкарки до 19 години.
На средбата одиграна вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, полските репрезентативки доминираа во сите елементи. Првите два сета завршија со резултат 25:8, а во третиот Македонките освоија 18 поени.
Македонските девојки континенталниот шампионат го завршија на последното, 6-то место во Групата-1 со пет порази во исто толку натпревари и без ниту еден освоен сет.
Полска како второпласирана избори учество во полуфиналната фаза.
Покрај полската, од оваа група пласман во полуфиналето избори и првопласираната Италија која освои максимални 15 поени.
Во полуфиналето ќе играат Италија – Холандија и Србија – Полска.