Белерин во Барселона

Шпанскиот десен бек, 27-годишниот Хектор Белерин се врати во Барселона откако го раскина договорот со Арсенал, и со каталонскиот клуб потпиша едногодишен договор.

Белерин ја мина академијата на Барса, но не заигра во тимот туку во 2011 година мина во Арсенал. За „Топчиите“ одигра 239 натпревари и со нив освои три ФА Купа. Минатата сезона беше на позајмица во Бетис со кој го освои Купот на кралот.

„Се чувствувам како да минале сами неколку години откако дојдов во Лондон. Со големо жалење се простувам од Арсенал“, објави Белерин на Twitter.