Четири лица починаа, 185 нови случаи на КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 892 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4, Кочани , Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.695, бројот на оздравени пациенти е 329.741, на починати е 9.495, а бројот на активни случаи изнесува 1.459