
Градските мртовечници во јужниот украински регион Николаев кој е е под контрола на проруските сепаратисти и руските војски се преполни со тела по неуспешниот обид за контраофанзива на украинските сили, изјавил за руската агенција РИА, Јуриј Барбашов челник на привремената проруска администрација на градот Снигиревка.
„Сите мртовечници се полни. Во моментов има проблеми со крвта од крводарители, со чиста вода и со обезбедување и грижа на ранетите кои беа примени во Николаев“, административниот регион кој е под риска контрола, додал Барбашов.
Истакнал дека имало и обид за продор на украинската војска во Снигиревка, но според него очигледно дека тој напад имал цел да залаже, а главниот удар бил изведен малку посеверно.
„Во неколку области вооружените сили на Украина преземаа офанзивни дејствија, но снигиревскиот правец не беше главниот. Последиците од овие напади беа многу тешки за украинската војска. Колку што ми е познато во болницата на министерство за внатрешни работи во Николаев се донесени околу 400 ранети, а истата ситуација е и во болницата на брзата медицинска помош. Вкупно околу 2.000 ранети се донесени во различни болнции во Николаев“, додал Бабрашов.
Појаснил дека податоците ги добил од директно од извори запознаени со состојбите во медицинските установи во Николаев.
Претходно руското Министерство за одбрана објави дека руските трупи во јужна Украина ја одбиле противофанзивата започната по директна наредба на украинскиот претседател Владимир Зеленски, и оти притоа во изминатите три дена загинале повеќе од 2.000 украински војници.
Откако руските трупи го заземаа регионот Николаев, вклучително и округот Снигиревски, тамошните населени места се приклучени на администрацијата на регионот Херсон, кој во петокот е гранатиран од позициите на украинските сил при што има и жртви.