Москва објави дека одбила нов украински напад за заземање на нуклеарката Запорожје

Изминатата ноќ одбиен е уште еден обид на украинските сили да ја зазема нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина која е под контрола на руската војска, и покрај присуството на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и притоа убиени се најмалку 50 украински војници, објави во саботата руското Министерство за одбрана, кои додава дека вкупните украински загуби изминатото деноноќие се движат околу 300 борци.

„На 2-ри септември, околу 23 часот по московско време (22 часот по македонско време) две групи баражи и моторни чамци со вкупен број од 42 единици со десантна сила од над 250 припадници на силните за специјални операции и странски платеници се обидоа да се истоварат на брегот на Каховската акумулација во областа на Енергодар и Днепропридни“, се вели во извештајот на Москва.

Групација од четири борбени авиони „Су-30“ и два хеликоптера „Ка-52“ на руските воздухопловни сили притоа уништиле 20 пловила, а остатокот се повлекол кон брегот на реката Дњепар кој го контролира украинската војска.

Според руската војска, потоа нејзината артилерија извела гранатирања врз позициите на кои се повлекле украинските единици во близина на населените места Вишетарасовка и Червоноднепровка. Во извештајот се тврди дека според првичните процени, убиени се 47 украински борци, од кои 10 странски платеници, а уште 23 војници биле ранети.

Истовремено, руското Министерство за одбрана во брифингот за изминатите 24 часа известува дека Украина при вчерашните обиди да ги зацврсти своите позиции во некои области во регионот Николаев-Криви Рог, загубила уште 230 војници.

„Киевскиот режим продолжи со неуспешните обиди да се зацврсти во некои области во правецот Николаев-Криви Рог. Во текот на денот во борбите на овој правец непријателот загуби 23 тенкови, 27 борбени оклопни пешадиски возила, 14 други оклопни борбени возила, девет камионети со тешки митралези и повеќе од 230 војници“, изјавив портпаролот на руската војска, генерал-полковникот Игор Кнашенков.

Истовремено во саботата во Лондон британското Министерство за одбрана во својот, исто така, редовен дневен брифинг откако почна војната во Украина, објави дека Украина спроведува „офанзива од широки размери“ во покраината Херсон со што „врши притисок врз руската војска“.

„Едно од значењата на оваа офанзива е континуираното напредување на широк фронт западно од реката Дњепар, со фокус на три основно во областа Херсон која е под руска окупација“, наведува британското Министерство за одбрана без наведување на своите извори.

Британските разузнавачки воени аналитичари велат дека овие операции „иако можеби во овој момент немаат директна цел, ги изненадиле Русија искористувајќи ја лошата состојба во логистиката, водството и администрацијата“.

„Борбите продолжуваат и на областите Донбас и Харков, па за руските команданти следните денови ќе биде клучна одлуката каде да распоредат какви и да се резервни сили кои можат да ги донесат“, додава британското Министерство за одбрана во својата објава.

Британското Министерство за одбрана тврди дека објавува податоци кои ги собираат неговите тајни служби на теренот, иако Лондон официјално тврди дека во Украина не е активен британски воен кадар. Од друга страна, Русија тврди дека и покрај тоа што на боиштето Лондон испраќа професионални војници под маската на доброволци и оти се присутни британски офицери, а за брифинзите на британското Министерство за одбрана тврди дека се само водење кампања за дезинформации во прв ред на западните граѓани.