
На 3 септември во 1900 година во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература.
Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература.
Негови познати дела се „Парите се отепувачка”, „Антица”, „Милиони маченици”, „Автобиографија”, „Велик ден” и други.
Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година.