
Барселона долго време се обидуваше да се ослободи од Мартин Брајтвајт, а тоа успеа да го направи дури во последниот ден од летниот преоден рок кого го раскина договорот со скандинавецот кој пак интересно се реши да остане во Каталонија и потпиша за Еспањол.
Токму Брајтвајт денеска беше стартер за Еспањол и му донесе три бода и тоа на тешкото гостување во Баскија кај Атлетик Билбао.
Мартин се снајде во 83 минута и ја затресе мрежата на домаќините за прво славје на неговиот нов тим во новата сезона во Ла Лига.