
На 03.09.2022 околу 13,25 часот пријавено е дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, A.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, управувајќи мотоцикл „aприлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде починал. За настанот е известен Јавен Обвинител, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.