
Организацијата на земјите извознички нафта (OPEC) и нејзините сојузници независни производители предводени од Русија познати како групата OPEC+ одлучија само благо да го намалат производството во октомври, балансирајќи меѓу стравувањата од потклекнувањето на економиите на Западот и сигналите за потесното снабдување.
Произведувачите во октомври ќе го намалат производството за 100.000 барели дневно, што изнесува само 0,1 отсто од глобалната побарувачка. Се согласиле, исто така, дека може да се сретнат и пред 5-ти октомври, кога е закажан следниот работен состанок, за да го прилагодат производството.
Одлуката за благото намалува на производството всушност го одразува статусквото, бидејќи во OPEC забележале силни флуктуации на цените на нафтата во двете насоки. Така, цената на сировата нафта на лондонскиот пазар во понеделникот падна на околу 96 долари, од 120 долари за барел достигнати во јуни, притисната од стравот од економското забавување и рецесијата на Западот кој би ја намалил побарувачката.
Тег за цените е и потенцијалното зголемува на иранската сирова нафта, којашто би се вратила на пазарите доколку Техеран успее да постигне договор во индиректните преговори со САД за заживувањето на нуклеарниот договор од 2015 година, што претпоставува укинување на американските санкции.
Според прогнозите на некои аналитичари, Иран на глобалната понуда би можел да додаде милион барели сирова нафта дневно, што одговара на 1 отсто од глобалната побарувачка, доколку биде постигнат договорот. Меѓутоа, според изјавите од петокот од Вашингтон и од Техеран, се чини дека таквите надежи засега се н придушени.
Сигналите од физичкиот пазар истовремено наведуваат на заклучокот дека снабдувањето на глобалните пазари и натаму е ограничена и дека многу членки на OPEC произведуваат помалку нафта од зацртаното. Извозот од Русија, пак, ќе се најде под нова сет мерки од Западот.
Саудиска Арабија, водечкиот произведувач во OPEC, во август сигнализираше можност да го намали производството за да одговори на падот на цените на нафтата којшто го оценува како претеран.
Русија веќе предупреди дека ќе престане да ги снабдува со нафта земјите кои ја поддржуваат идејата на ЕУ за ембарго на увозот на нејзината нафта, како и на земјите од Г7 која објави дека има намера да ја ограничи цената на руската нафта.
Според иницијативата којашто ја поведоа САД и нивните сојузници Велика Британија, Јапонија и Канада, целта е да се постави цената на нивото коешто ги покрива руските маргинални трошоци на производство, за Москва да биде поттикната да продолжи да ја извезува нафтата за да нема недостиг на меѓународните пазари, затоа што руските барели не можат да бидат заменети без поголеми потреси на пазарите. Меѓутоа, според планот на Вашингтон, цената не би требало да овозможи добивки за Русија.