
Руските банки во прекуграничното тргување мора да се свртат кон домашните рубљи и кинеските јуани, порача во понеделникот челникот на втората по големина руска банка ВТБ, Андреј Костин предложувајќи и нов систем на плаќање кој ќе ги заобиколи западните санкции врз рускиот финансиски и банкарски систем.
„Клучно е руските банки во стоковото тргување со другите земји да престанат да ги користат еврата и доларите“, вели Костин во интервјуто за деловниот дневен весник Ведомости објавено во понеделникот.
Побарувачката на кинескиот јуан во Русија пораснала од почетокот на војната во Украина и воведувањето на западните санкции поради тоа, со која на Москва ѝ е ограничен пристапот до меѓународните финансиски пазари и системи за плаќање, но и до нејзините резерви во евра, долари и злато.
„Мораме да изградиме систем во кој плаќањето во надворешното тргување не одат преку познатите меѓународни комуникациски камати и прилично се затворени. А пазарот постепено ќе се развива. Потребни ни се механизми кои ќе ги овозможат санкционираните и несанкционираните плаќања“, додава Костин.
Од руското министерство за финансии порачаа дека американскиот долар и еврото би можело да станат ткн „токсични“ валути, а руската централна банка во август објави дека Русија го разгледува купувањето на валути на земјите кои не ѝ вовеле санкции, како Кина, Индија и Турција за државниот стабилизациски фонд.
„Кинескиот пазар на јуанот веќе е доволно ликвиден за прекугранично тргување, но потребно е повеќе „политичка волја“ за Русија и нејзините трговски партнери да ја развиваат прекуграничната трговија во други валути“, додава Костин.
Јана Плешкова, шефица за продажба во одделот за девизниот пазар на Московската берза, неодамна на брифинг со новинарите изјави дека повеќе од 10 отсто од трансакциите на физичкиот пазар на најголемата руска берза во моментов се спроведуваат во кинеските јуани.
„Русија би можела да го поттикне користењето на другите валути билатерално или во меѓународните рамки, како што се Еврозиската економска унија, Шангајската организација за соработка и БРИКС“, вели Костин.
Порача дека неговата ВТБ банка воедно работи на решавањето на проблемот на малите руски инвеститори на коишто западните санкции им го блокираа пристапот до странските хартии од вредност. Притоа, не е позната вкупната сума на замрзнатите средства.