Без вода утре дел од општините Кисела Вода и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 07.09.2022 година (среда) поради менување на шибер од ф – 80 м. на булеварот Србија – кај железничкиот мост, во периодот од 9 часот па сѐ до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од булевар Србија, корисниците од улицата Христо Татарчев – сервисна зона од ул.1 до ул.7, како и корисниците од високата зона од населбите Аеродром и Ново Лисиче.