
Вечерва почина првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски, објави сегашниот прв човек на општината Дарко Костовски.
„Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината.
Или како што милуваше да рече “Јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација”
За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината.
Почивај во мир“ – напиша Костовски.