Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд.
УВ индексот ќе има вредност 6.
Утринските температури се движат меѓу 9 степени на повисоките места и планинските региони до 18 Целзиусови степени на крајниот југ од земјата. Максималните дневни ќе се достигнат соодветно во интервалот меѓу 22 и 28 степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност. Утринската температура достина 13 степени, додека дневната ќе се движи до 28-от степен.