
Ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат и од варијантата Омикрон, веќе пристигнале во Грција, а в понеделник ќе бидат објавени детали околу почетокот на процесот на имунизација со новите вакцини, јави МИА.
Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека в понеделник ќе се одржи вонредна прес конференција за планот за вакцинација, односно за денот кога ќе започне како и за упатствата на Националната комисија за имунизација.
На почетокот на април годинава во Грција започна вакцинацијата со четврта доза за граѓаните над 60-годишна возраст, а кон крајот на јуни се отвори можноста и за помладите, односно за сите над 30 години, доколку сакаат да ја примат втората бустер доза.