
Јанис Антетокумпо и другарите го отворија мечот со серија од 8-0, по што Естонија покажа знаци на живот и намали на два поени негатива (21-23). Сепак, Грција во продолжение на првото полувреме целосно го надигра противникот и на паузата замина со +15 (51-36).
Естонија во вториот дел не успеа да се врати во игра, па Грција набрзо стигна и до 28 поени предност (77-49), по што следеше период во кој Естонците успеаа да врзат 12 поени по ред и да стигнат до 69-84, но тоа беше сè по што Грците со две тројки ја потврдија победата (90-69).
Антетокумпо постигна 25 поени за грчката селекција, додека најдобар кај Естонија беше Сим-Сандер Вене.
Следни за Грците како првопласирани во својата група се Чесите, кои успеаја со 88:77 да го шокираат и да го елиминираат Израел. Пред домашната публика, Чесите поведоа со 26:17 по првата четвртина, за водстсвото да го зголемат на огромни 19 поени и рутински да го донесат мечот до крај. Војтех Хрубан со 25 поени и Јан Весели со 16 поени беа лидери на чешката репрезентација, додека за Израел, Јам Мадар имаше 16 поени.
ГРУПА Ц
Хрватска – Украина 90:85
Естонија – Грција 69:90
Велика Британија – Италија 21.00 ч.
ГРУПА Д
Финска – Холандија 88:67
Чешка – Израел 88:77
Србија – Полска 21.00 ч.