Воз прегази неготинец, се движел пеш по пругата

Два часа по полноќ воз удрил во неготинец кој се движел пеш по пругата.

На 08.09.2022 во 2 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот, информираа од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.