
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ќе имаат работна средба на која ќе разговараат за енергетската криза.
На средбата во просториите на Комората ќе присуствуваат и претставници од нејзиното раководство, бизнисмени и градоначалници на неколку општини.
Стопанската комора информира дека тема на состанокот е енергетската криза која го погодува стопанството и дека ќе се разговара за постапките за поставување фотоволтаици за кои надлежност има локалната самоуправа.