
Најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ излезе пред новинарите и ја презема вината за поразот од Полјаците.
„Најпрво ѝ честита на Полска, која од првата минута играше одлично. Ние не одигравме како што се очекуваше и на крајот заслужено загубивме. Јас ја изневерив Словенија, цела држава која ни даваше поддршка. Морав да одиграм подобро и да не правам толку грешки“, кажа Дончиќ.
Ѕвездата на Далас маверикс откри дека не бил целосно здрав.
„Не бев целосно подготвен. Примив инјекција за време на натпреварот. Се борев со повреда во текот на цел меч“, кажа Дончиќ.