
Денеска и утре, поради изведување градежни работи на патниот правец Р1106 Нова Брезница – Коломонт, сообраќајот низ Националниот парк „Јасен“ ќе биде во прекин во термините од 12.00 до 12.45 во правец од Скопје кон Македонски Брод, и од Македонски Брод кон Скопје во терминот од 10.30 до 11.00 и од 13.00 до 13.45 часот.
Времен режим на сообраќајот до 19.09.2022 има и на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица. Поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот на овој пат е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.