
Како што дознава Фактор.мк, спортскиот канал од регионот, Спортклуб, потпиша договор со ФК Вардар за преноси од натпреварите на домашен терен во Втората лига.
Вардар и Спортклуб ќе соработуваат во следните три години, преноси од домашните натпревари на најтрофејниот македонски фудбалски бренд, ќе се гледаат во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и секако во Македонија.
Со оглед на фактот дека следниот натпревар Вардар го игра на гости, прв пренос од тековната сезона се очекува од 6. коло кога црвено-црните го пречекуваат тимот на Локомотива.
Спортклуб емитува директни преноси и од Првата лига на Македонија, од домашните натпревари на Академија Пандев.