
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дискутира со Конгресот за нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина, соопшти во средата Стејт департментот.
„Разговараме со Конгресот за соодветните мерки“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс на брифингот за новинарите, истакнувајќи ја минатонеделната изјава на претседателот Бајден дека нема да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“.
Киев и дел од американските „јастреби“ од двете партии во Конгресот се залагаа за таквата мерак, но американските функционери рекоа дека тоа може да доведе до несакани последици.
Станува збор за можен идентичен одговор од Москва и откривање на непријатни документи за Вашингтон, како на пример натамошно отворање на досието за американските биолошки лаборатории во Украина или поврзаност на американското разузнавање со некои глобални терористички организации. Иако Американците тој потег го објаснуваат со стравување за несакани последици, вклучително и одложување на извозот на храна и загрозување на договорот за транспорт на стоки преку Црното Море.
„Мораме да ги земеме предвид последиците, и намерните и ненамерните. И тоа нѐ доведе до пристап кој тука го заземавме. Соработуваме со Конгресот околу алатките коишто и натаму би имале соодветни импликации за руската економија, за руската влада, кои не би ги имале тие несакани последици“, рече Прајс.