
Во најголемиот дел од земјата во петокот ќе се задржи сончево и натпросечно топло време за оовој период од годината, со мала до умерена облачност.
Во текот на денот ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој повремено и особено во западните делови ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 7
Утрово темперературата се движи во интервал од 7 степени на планините до 17 на југот од земјата, а дневната ќе достигне соодветно од 26 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура достигна 11 степени, а дневната ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.