Белгијците ја намалија потрошувачката на струја и на гас, а 64 отсто ценат дека нема да можат да ги плаќаат сметките

Повеќето Белгијци стравуваат дека нема да можат да ги платат сметките за енергија во наредните месеци, покажува истражувањето спроведено од белгиското издание LeSoir, ТВ каналот RTL и Ipsos. Околу 64 отсто од Белгијците стравуваат дека нема да можат да ги платат сметките за енергија. Осум од десет испитаници изјавиле дека ја намалиле потрошувачката на струја, гас и гориво за греење.
Покрај тоа, околу 40 отсто признале дека биле принудени да ги користат своите заштеди или дури и да позајмуваат средства за да плаќаат сметки.
Во исто време, 37 отсто не мислат дека властите од кое било ниво ќе ги решат енергетските проблеми. Мислењето на другите е поделено меѓу раководството на ЕУ, белгиската федерална влада и локалните власти.
Секој трет белгиски испитаник пријавил намалување на трошоците за здравство поради високите цени на енергијата.

Истражувањето е спроведено од 7 до 13 септември 2022 година. Учествувале 2.602 испитаници на возраст од 18 и повеќе години.

Истражувањето е спроведено пред објавувањето на новите мерки за поддршка на граѓаните, кои белгиската влада ги објави минатиот петок.

Новите мерки на најзагрозените граѓани треба да им заштедат до 200 евра во ноември и во декември. Локалните медиуми веќе ги критикуваа овие мерки како недоволни.

Западот го зголеми притисокот на санкциите врз Русија поради војната во Украина, што доведе до зголемување на цените на струјата, горивото и храната во Европа и во САД. Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека политиката на задржување и слабеење на Русија е долгорочна стратегија на Западот, а санкциите и нанесоа сериозен удар на целата глобална економија.