Сончево со мала до умерена облачност, услови за локални краткотрајни врнежи

Времето во Мекдонија во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со услови за појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец.

Утринските температури се движат од 1 степен на повисоките места до 12 степени на југот на земјата, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската темература достигна 5 а во текот на денот ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.

Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Во продолжение на  работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.