
Ковчег со пораката „RIP (rest in peace – почивај во мир) Британска Империја“ е фрлен во реката во центарот на Даблин, а инцидентот се случил во текот на протестниот марш против монархијата кој се одржа во ирската престолнина на денот кога во Лондон се одржуваше државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора.
Антиимперијалистичката акција на Ирска соопшти дека тоа претставува приказ на акцијата на поранешниот социјалистички водач Џејсм Коноли во Даблин во 1897 година, во текот на посетата на градот на тогашната британска кралица Викторија.
Ирскиот претседател Мајкл Даниел Хигинс и Михол Мартин, беа меѓу светските челници кои присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон.
Маршот во Даблин одржан во понеделникот попладнето е опишан како протест „против подлизуркувачкото обожување на англиската монархија’ од страна на владејачката класа на „Слободната држава“.
Демонстрантите се спротиставија и на симнувањето на половина копје на ирското знаме на денот на погребот на кралицата.