
Во понеделникот попладнето околу 18 часот на улицата „Блажо Алексов“ во Кавадарци, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го привеле 39-годишниот М.Ј. од Кавадарци.
Мажот бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела, соопшти МВР.
За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово -Скопје каде имал за доиздржување уште една година и пет месеци.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.