
На 20.09.2022 околу 19.30 часот во Полициското одделение Петровец, Д.В.(27) од с.Стојаково, општина Богданци, пријавил дека околу 18.50 часот на автопатот Скопје-Велес, на бензинска пумпа во близина на Катланово, две возила „бмв“ и „мерцедес“, во кое било лице со кое претходно имале недоразбирања, му го попречиле патот на товарното возило кое го управувал и пукале кон возилото.
Нема повредени лица, ниту оштетувања на возилото на пријавителот.
Се работи на расчистување на случајот.