
САД можеби би морале да ги избегнат царините на Европската унија на увозот на стоки кои ја загадуваат природната средина, благодарејќи на сличните климатски цели, изјави комесарот на Европската комисија за климатските промени во ЕУ, Франс Тимерманс.
Членките на ЕУ преговараат за воведување царини на јаглеродот од 2026 година, првата гранична давачка во светот којашто би плаќале увозниците на производите со големи јаглеродни траги, како што се челикот, цементот и алуминиумот. Во текот на нивното производство се емитуваат големи количества кои се оценети дека ја загадуваат околината и оти ги поттикнуваат климатски промени.
Царината би се плаќала за стоки од земјата со поскромна политика на заштита на климата од ЕУ, иако Брисел порача дека некои би можеле да бидат изземени доколку цената на јаглерод диоксидот на нивните пазари, слична на онаа која европските компании ја плаќаат на пазарот на јаглеродот во ЕУ. Таквото изземање би можело да им биде одобрено на САД, рече Тимерманс.
„Доколку САД имаат иста траекторија во намалувањето на емисиите како и ние, значи дека е во игра… ‘јаглеродниот клуб’. Значи дека јаглеродниот печат во тона челик во САД е споредлив со јаглеродниот отисок на тона челик во Европа, во тој случај не е потребен механизмот на прилагодување на јаглеродот на границата“, појасни Тимермнс.
„Тоа веројатно нема да важи за другите големи трговски партнери. Но не се плашам од тоа во односот меѓу ЕУ и САД… Мислам дека сѐ уште се споредливи“, истакна во вторникот европскиот функционер.
„Јаглеродниот клуб“ го сочинуваат земјите коишто се подготвени еднострано да наметнат царина на стоката со голем јаглероден печат, како членките на ЕУ, Јапонија, Велика Британија, Канада и САД, сметајќи дека мултилатералните договори на некои земји би им служеле како изговор за „шверцување“ на сметката на другите.