
УЕФА често има нови идеи за натреварувањата. Најновите информации говорат за нови промени, кои се уште не се официјално потврдени.
Британските медиуми пишуваат за големи промени во европскиот фудбал, а по најавите дека САД сакаат да организираат финале на некое од наредните натпреварувања во Лигата на шампионите.
Европската куќа на фудбалот, наводно ја разгледува опцијата за трофејот од Суперкупот на Европа наместо досегашните две екипи, освојувачите на ЛШ и Лига Европа, да се борат двојно повеќе.
За титула би играле освојувачите од сите три натпреварување под УЕФА (ЛШ, ЛЕ и Конференциската лига), како и бранителот на титулата во МЛС лигата.
Се очекува до крајот на неделата да бидат познати повеќе детали, со оглед на тоа дека наскоро се одржува и состанок на УЕФА.