ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е власта да бара да штедат граѓаните кои живеат со 150 денари на ден, а таа да троши милиони на луксузи

Среде тешка економска криза антимакедонската СДСМ безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот одвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20.000 евра набавиле морски плодови, риба и октоподи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Клептоманите од Владата освен за морски плодови, потрошија 250.000 евра за мебел, пет милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата“, истакнуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден.

„Бесрамно е да има 100 отсто реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30 проценти. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат а Владата да арчи“, велат од партијата.