
Сите пратеници на парламентарното мнозинство, 41 на број, се потпишале на предлогот за разрешување на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Причината за ова, според црногорските пратениците, е кршење на Уставот поради недоделување на мандатот за состав на нова влада на лидерот на ДЕМОС, Миодраг Лекиќ и неповикување на сите парламентарни партии на консултации за мандатар.