
Ако некој ве праша каде мислите дека има повеќе алкохоличари, на топлиот југ или на студениот север, што би одговориле интуитивно? Повеќето веројатно би погодиле.
Ова беше потврдено од една американска студија. Имено, според тоа истражување, излегува дека луѓето кои живеат во области со студена и мрачна клима пијат многу повеќе алкохол од оние кои живеат во посончеви и потопли области.
Американските научници на тој начин открија поврзаност помеѓу просечната температура на воздухот, бројот на сончеви часови и консумирањето алкохол. Тие анализирале податоци од вкупно 193 земји и забележале многу интересни работи. Секогаш има повеќе случаи на алкохолизам и заболување на црниот дроб во земји со ладна клима.
Поради оваа причина, шкотските лекари ги повикаа властите да го намалат бројот на огласи за алкохолни пијалоци во текот на зимските месеци. Во своето истражување, експертите користеле податоци од Светската метеоролошка организација (СМО) и Светската здравствена организација (СЗО). Студијата е објавена на веб-страницата на списанието Хепатологија.
„Ова е прва глобална студија од ваков вид што покажува дека луѓето кои живеат во мрачни и студени области пијат многу повеќе алкохол. Почесто страдаат и од цироза на црниот дроб. Податоците не се само за Америка. Систематски ги проучувавме областите на сите делови на светот“, рече Рамон Баталер. Тој беше водач на студијата и е соработник на Истражувачкиот центар за заболување на црниот дроб во Питсбург.
Во студијата учествувал и доктор Питер МекКен, консултант во болницата замок Крег. Тоа е шкотски центар за рехабилитација за зависници од алкохол и дрога.
„Сега имаме докази дека студеното и мрачно време влијае на количината на консумиран алкохол. За жал, ова е поврзано и со поголеми шанси за развој на цироза на црниот дроб, една од најопасните болести што го зафаќа тој орган“, објасни Питер МекКан.