
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.
За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.