
Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”.
Пред пуштање во употреба, новата детска градинка „Црвенкапа” лоцирана во Стар Аеродром добива нов и уникатен изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.
Општина Аеродром вложува во нови капацитети за децата, кои ќе бидат место каде најмладите сакаат да го поминуваат денот. И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа.