
Македонија заедно со Црна Гора и Словенија е организатор на Европското женско ракометно првенство кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември оваа година во трите држави.
Се поблиску сме до овој голем настан, па претседателите на сите три федерации Живко Мукаетов, Петар Каписода и Фрањо Бобинац на Конгресот на ЕХФ во Луксембург ја презентираа организацијата на ЕП.
-Три култури, три јазици, една заедничка страст кон ракометот-тоа беше слоганот со кој балканската тројка се претстави на овој собир на претседателите кој викендов с еодржува во Луксембург.
Инаку шампионатот е на програмата од 4 до 20 ноември и тоа во четири града Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица.