
Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.
Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.
Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот.
Во утринското тргување и двете валути почнаа благо да закрепнуваат.