Тинејџер од Турција уапсен кај Градски парк, се шетал со нож

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.М.К.(18) од Република Турција.

Апсењето се случило на полноќ во близина на Градскиот парк, а лицето било уапсено бидејќи, како што информира МВР, кај него бил пронајден и одземен нож.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.