
Фудбалската ѕвезда Лионел Меси е врзан со договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезонава, а клубот се обидува да го задржи барем уште една година, но како што откриваат во четвртокот каталонските медиуми, Аргентинецот планира да го напушти ПСЖ како слободен играч и одбил да го продолжи договорот.
Во Шпанија се најавува негово враќање во Барселона. Ова беше дополнително засилено со изјавата на потпретседателот на клубот и економски стручњак Едуардо Ромеу, кој рече дека финансиски ќе биде можно клубот да го исполни договорот на Меси следната сезона.
Во својата втора сезона за ПСЖ, Меси игра одлично и има шест гола и осум асистенции на вкупно 11 одиграни натпревари. Сепак, тој целата претходна кариера ја мина во Барселона, со 35 освоени трофеи, тој е клупски рекордер, а за овој тим постигна 672 на 778 натпревари.