
Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша во петокот договорите за присоединувањето на Русија на четирите југоисточни украински региони каде за тоа се изјасни доминантно руското и рускојазочни население на референдуми кои Западот и Украина ги сметаат за нелегални изјаснување за незаконско руско анектирање на украинска територија.
Се проценува дека овој потег за украинските територии кои се под контрола на сепаратистичките и руските сили, ќе ја ескалира седуммесечната војна и ќе ја воведе во нова непредвидлива фаза.
„Тоа е волјата на милиони луѓе. Жителите на Луганск, Доњецк, Херсон и Запороќје засекогаш стануваат наши сограѓани“, истакна Путин пред стотици високи функционери во салата на свети Георги во Кремљ.
На свеченоста којашто Киев ја нарече „претстава на изродите во Кремљ“, Путин во 37-минутниот говор го обвини ткн Колективен Запад за „чист сатанизам“, пред со челниците на одметнатите региони да ги потпише документите за влегување во составот на Руската Федерација.
Говорот на Путин притоа често беше прекинуван со аплаузи и извици „Русија! Русија!“ и одушевени овации од присутните.
Путин во говорот децидно ги отфрли обвинувањата дека сака да го заживее Советскиот сојуз, и порача дека Русија ќе ја брани својата нова територија со сите средства кои му стои на располагање, што ја испраќа пораката за пожесток одговор на обидите на Украина да ги протера од тие региони руските војски.
Вети дека Русија ќе ја брани „татковината и своите вредности“, велејќи дека западниот свет се плаши од руската култура. Со официјалното присоединување на четирите региони, како што рече Путин, Русија е на почетокот на битката за „големата историска Русија“.
Ги обвини САД дека водат „хибридна војна“ против Русија и сепаратистичките власти кои Москва ги помага во историските проруски југоисточни региони на Украина.
Западот, истакна Путин, ги прекрши ветувањата дадени на Русија и затоа нема морално право да зборува за демократијата, и додаде дека западните земји се однесуваат како империјалистички држави „кои тоа и отсекогаш биле“.
Откако минатата седмица порача дека Русија својот територијален интегритет ќе го брани со „сето расположливо оружје“ одговарајќи на јавно искажаните идеи на британската премиерка Лиз Трас за превентивни нуклеарни против Русија и кога Путин порача дека не блефира, што на Западот беше протолкувано како наводна негова „нуклеарна закана“, во денешниот говор истакна дека токму САД го направија преседанот со користење на нуклеарното оружје, против Јапонија на крајот од Втората светска војна.
Путин се осврна и на саботажите на руско-германските гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море, директно обвинувајќи ги „англосаксонските сили“ за експлозиите на двта гасовода.
„За Англосаксонците санкциите не беа доволни, па посегнаа по саботажата. Тешко е да се поверува, но факт е дека тие стојат зад експлозиите на меѓународниот гасовод Северен тек“ рече Путин во врска со можеби и трајното прекинување на поевтиниот природниот гас во Германија и Европа,,