
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека не ја прифаќаат руската анексија на четирите територии на Украина.
Турските власти сметаат дека тоа е сериозно кршење на меѓународното право, а во претходните месеци ја критикуваа и руската инвазија.
Анкара веќе некое време се обидува да балансира меѓу Западот и Русија, па иако ја осуди инвазијата, сепак се противи на западните санкции.
„Оваа одлука е сериозно кршење на меѓународното право и не може да ја прифатиме“, соопштија од Турција.