
Првпат од почетокот на април, крајот на грејната сезона, повлекувањето на гасот од подземните складишта на територијата на Европската унија ги надмина полнењето по исцрпувањето на капацитетите во складиштето во Белгија, покажуваат податоците на Асоцијацијата на операторите на гасната за инфраструктура во Европа (Gas Infrastructure Europe, GIE).
Така, на крајот на ткн гасно деноноќие на 30-ти септември, односно рано утрото на 1-ви октомври во 6 часот по македонско време, капацитетите на подземните гасни складиште во ЕУ биле пополнети до 87,83 отсто. Истовремено, се известува дека претходните пет дена стапката на впумпување на енергенсот постојано намалувал, од 0,32 од 0,15 процентни поени. За споредба, во септември просечната стапка на впумпување изнесувала – 0,25 процентни поени, а еден месец порано – 0,37 процентен поен.
Поради тоа, стапката на полнење на складиштата паднала на минус 0,51 процентен поан дневно, што е најниската вредност во последните шест месеци. И иако 16 од 18-те земји членки во ЕУ, кои имаат подземни капацитети за складирање, продолжуваат да впумпуваат гас, показателот отишол во негатива затоа што капацитетите во складиштето во Белгија, едно од најмалите според обемот, е испразнет на минус 92,09 процентни поени.
Податоците на GIE, сепак, не се конечни и се подложни на промени.
Вкупниот капацитет на европските складиштата е околу 110 милијарди кубни метри гас, а во моментов според истиот извор се пополнети со до 95,3 милијарди кубни метри гас. Целната стапка на пополносста од 80 отсто, којашто ЕУ планираше да ја постигне до 1-ви ноември, ја надминале 13 земји членки, а прагот од 90 отсто го надминале Германија, Франција, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Португалија, Хрватска, Данска и Шведска. Најдалеку од зацртаната цел е Латвија, каде што пополнетоста на подземните складиште изнесува 52,54 отсто, односно со минус 0,09 процентни поени.
Европските складишта вообичаено осигуруваат само 25 до 30 отсто од гасот кој се троши во Европа во текот на зимата. Поради тоа, се предупредува дека дури и резервите исполнети блиску до максимумот не гарантираат безбедно преминување од есенскиот во зимскиот период. Се предупредува, исто така, дека ситуацијата се влошува со значителното намалување на испораките на гасот од Русија. Поради тоа, владите во ЕУ спроведуваат планови за заштеда на енергијата и ги предупредуваат граѓаните за тешка претстојна зима.