
Британската влада по бурните реакции и критики во владејачката Конзервативна партија се откажува од предложеното укинување на највисоката стапка за данокот на приход за оние коишто најмногу заработуваат, пренесуваат во понеделникот британските медиуми.
Министерот за финансии Кваси Квартенг во септември предизвика шок на финансиските пазар, кога во мини-буџетот во рамките на „планот за раст“ кој ќе се финансира со големо задолжување на државата, најави и намалување на даноците вклучително и највисоката стапка на приходи од 45 отсто.
Владата остана доследна на таквата политика, дури и откако таа предизвика пад на вредноста на фунтата и на државните обврзници. Но неколку патеници на годишната конвенција на Конзервативната партија, која започна во неделата го интензивираа противењата на таквата мерка. Во неделата поранешниот министер Мајкл Гоув, навести дека би можел да гласа против намалување на данокот за богатите, пренесува BBC.
Медиумите пишуваат дека министерот Квартенг пред притисокот од конзервативците планирал на прес-конференција во понеделникот да објави дека „владата мора да истрае на тоа“ и бил уверен дека планот е исправен. Квартенг рекол дека своите планови за финансирање во целост ќе ги изнесе на 23-ти ноември во целосна фискална изјава (full fiscal statement).
Квартенг подоцна во понеделникот објави дека владата ќе се откаже од намалувањето на данокот за најбогатите и порача дека со тоа владата покажува дека „ги разбира и слуша“ граѓаните, како и дека не мисли да поднесе оставка.
„Нема да ја укинеме даночната стапка од 45 отсто. Сфативме, послушавме. Тоа ќе ни овозможи да се насочиме на спроведувањето на главните елементи на нашиот план за раст. Во прв ред на ограничувањето на цените на енергијата“, објави Квартенг во изјава на Twitter.
Британската фунта силно закрепна на валутниот пазар во однос на американскиот долар по објавата на Квартенг, пренесува Reuters.
Во најавата од 23-ти септември, премиерката Лиз Трас и Квартенг најавија и намалување на други даноци, но особени беше напаѓање нивната одлука за кастрење на данокот за најбогатите, поради што беа критикувани дека ги фаворизираат богатите во време на раст на животните трошоци во Обединетото Кралство.
Британската централна банка Bank of England (BoE) минатата седмица итно интервенираше со програма од 65 милијарди фунти за да го стабилизира курсот на валутата што се закануваше со крахирање на пензиските фондови.
На прашање на BBC дали размислува за оставка од позицијата министер за финансии, Квартенг ја отфрли таквата можност.
Одлуката за откажување од делови од финансискиот план создава голем притисок за премиерката и нејзиниот министер ниту цел месец по преземањето на должностите. Британија имаше четири премиери во изминатите шест политички турбулентни години.
Трас, поранешна министерка за надворешни работи, ја презема должноста на 6-ти септември кога победи на внатрепартиските избори на „ториевците“, а во неделата призна дека требало „подобро да го подготви теренот“ за нејзиниот економски план.