
Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен поток“ е стабилизиран и оти престанало истекувањето гас од оштетените места на гасоводите.
„Притисокот во цевководот А на ’Северен поток 2’ и во двата цевководи на ’Северен поток 1’ се стабилизирани по прекинот, истекувањето гас престана“, соопшти „Газпром“.
„Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот на цевководот Б од гасоводот „Северен поток 2“.
Руската компанија исто така изјави дека работи на намалување на ризикот за животната средина.