На 32 се зголеми бројот на децата загинати во стампедото на фудбалски меч во Индонезија

Бројката на жртвите меѓу децата во стампедото по фудбалскиот натпревар во Индонезија изминатиот викенд се зголемил од претходно потврдените 17 на 32 загинати деца, соопштија владините претставници во понеделникот.

Децата биле на возраст од 3 до 17 години, изјавил Нахар, функционер во министерството за поддршка на жените и заштита на децата, пренесува агенцијата Reuters.

Најмалку 125 луѓе починаа во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија во една од најголемите катастрофи на стадион. Повредени се уште барем 180 луѓе откако домашниот тим Арема загуби од големиот ривал Персебаја на преполниот стадион во Маланг, Источна Јава.

Стампедото се случило откако полицијата употреби солзавец да ги растера навивачите кои навлегоа на теренот. На трибините се раширила паника и илјадници тргнале одеднаш кон излезите на стадионот „Канџухуран“, при што многуина се задушиле. Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во пост на Instagram тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Според него, биле издадени 42.000 влезници за стадионот кој може да прими до 38.000 луѓе.

Инцидентот е „црн ден за сите вклучени“, соопшти ФИФА, главната светска фудбалска организација, и ги повика индонезиските фудбалски челници на направат извештај за несреќата.

ФИФА во своите пропишува дека редарите и полицијата не смеат оружје ниту гас за контролирање на масата на стадионите. Полиција и спортски функционери поради тоа се испратени во Маланг за да го истражат инцидентот, кој е меѓу најсмртоносните несреќи на стадионите во светот.