
Во Владата заврши двочасовната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.
На средбата, присуствуваа и економски тимови на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ.
За резултатите од разговорите се очекува Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на доаѓање во Владата пред средбата изјави дека како партијата се подготвени да понудат решенија за тешката состојба во енегретиката и кризата што го погодува граѓаните.
Прашан дали очекува нивните идеи да бидат земени предвид и што доколку не бидат прифатени, Мицкоски кажа дека тоа не зависи од нив, но посочи дека предлозите биле прифатливи за стопанските комори и не гледа причина зошто не би биле и за Владата.
(МИА)