Дел од Скопје утре ќе остане без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на  Скопје, врз основа на добиеното известување од ЈП Водовод и канализација,  ги известува граѓаните дека  на ден 06.10.2022 година (четврток) :

Поради дефект на затварачи ф 200 мм и ф100 мм на ул.Тасино Чешмиче раскрсница со Георги Скрижевски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Тасино Чешмиче, Георги Скрижевски и Драмска од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.