ВИДЕО| Удари со дронови „камиказе“ крај Киев

Беспилотни летала самоубијци биле употребени во напад врз Бела Црква во близина на Киев, изјави во средата челникот на регионалната воена администрација на украинската престолнина Олексиј Кулеба.

Истовремено украинскиот портал Страна.ru забележува дека првпат руски беспилотни летала „успеале да стасаат толку далеку од линијата на фронтот и да нападна цели лоцирани на 100 километри од Киев, и покрај густиот систем на противвоздушната одбрана лоциран во близина на главниот град“.

„Ноќта непријателот со камиказе дронови ја нападна Бела Црква (…) Вкупно шест удари и експлозии. Отстранувањето на последиците од ракетирањето продолжува. На лице место работат неопходните служби, 57 спасувачи и 15 единици опрема на Државната служба за вонредни ситуации, гаснењето на пожарот продолжува“, објави Кулеба на платформата Telegram.

Според медиумските извештаи цел на нападот бил касарната во Бела Црква. Најблиските руски единици се наоѓаат 380 километри појужно.

Извори од воздухопловните сили на украинската армија известиле дека од јужен правец долетале 12 наводно ирански дронови. Германската агенција DPA, повикувајќи се на овие извори, пренесува дека биле соборени шест дронови.