
Околу милион луѓе ја напуштиле Русија од почетокот на мобилизацијата на 21 септември, пишува руското издание на Форбс, повикувајќи се на извор запознаен со проценките на Кремљ. Друг соговорник на Форбс изјавил дека Русија ја напуштиле меѓу 600.000 и 700.000 луѓе и додаде дека е невозможно да се пресмета колку луѓе заминале од земјата за туристички цели.
Веднаш по прогласувањето на мобилизација, се формираа редици на руските гранични пунктови. Најпознат е на контролниот пункт Горњи Ларс на руско-грузиската граница, каде луѓето чекаа во ред четири или пет дена, често без храна и вода. Редици се формираа и на граничните премини на руско-казахската граница.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли наводите на Форбс, велејќи дека Кремљ не го знае точниот број на луѓе кои ја напуштиле земјата, но дека е далеку од објавената бројка. „Мириса на новинарска „патка“. Не знам ни што е руската издавачка куќа Форбс. Дали е објавено или не, дали воопшто постои таа издавачка куќа“, рече Песков.