
Најмалку 17 луѓе загинале во потонување на брод во близина на грчкиот остров Лезбос во централниот дел на Егејското Море, објави грчката крајбрежна стража.
Од средата ова е втора поморска несреќа во којашто страдаат мигранти. Бродот потонал источно од Лезбос, во близина на турскиот брег.
На бродот кој потонал се наоѓале 40 луѓе, соопшти грчката крајбрежна стража додавајќи дека од нив се спасени девет лица. Од морето се извлечени 17 тела, а се трага по уште 14 луѓе.
Брод на грчката крајбрежна стража и хеликоптер на воздухопловните сили се обидувале што побрзи да ги лоцираат настраданите и да ги спасат, но во областа дувале и силни ветрови. По должината на поширокиот брег на Лезбос се спроведуваат трагања по мигрантите кои можеби успеале да дојдат до брегот.
Во несреќата од ден претходно, грчките власти успеаја да спасат 30 мигранти чиј брод потонал, откако во текот на бура удрил во карпи во близината на островот Китира во јужна Грција.